Анкета: Корбин ќе ја смени Тереза Меј на „Даунинг стрит 10“

198
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Лидерот на лабуристите во Британија, Џереми Kорбин ќе биде новиот премиер по парламентарните избори. Тоа се нагласува во резултати од најнови анкети, објавија британски медиуми.

Владејачките конзервативци на премиерката Тереза Меј ќе загубат 59 места во Долниот дом на Парламентот. Лабуристите ќе го зголемат бројот на пратеници за 34 луѓе и ќе бидат најбројна партија во британскиот паралмент. Тоа значи – 296 места од 650 пратеници, додека конзервативците ќе добијат 259 места.

Причината за тие резултати е хаосот околу брегзит и неуспехот на Кабинетот да се справи со процесот.

Анкетата е спроведена врз 8.561 полнолетно лице.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...