Анкета: Колинда води во трката за претседател на Хрватска, познатиот пејач е трет

1556
ФОТО: EPA / Valda Kalnina

Ако сега се одржат претседателки избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидатка на ХДЗ Колинда Грабар-Китаровиќ би освоила 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на трето место е познатиот пејач, а сега независен кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 проценти од гласовите, покажа анкета на ХРејтинг.

Резултатите на ХРејтинг, за која истражување спроведува агенцијата Промоција плус, ги објави Хрватската радио телевизија.

Во меѓувреме, поранешниот хрватски премиер Милановиќ вчера ја прекина изборната кампања поради смртта на неговиот брат Крешимир, и соопшти дека ќе му се посвети на семејството.

Пред помалку од еден месец почина и таткото на Милановиќ поради што тој една недела се повлече од политичкиот живот.

ФОТО: EPA / Valda Kalnina

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...