ОБНОВЕНО Анкета за Телма: 57,8 отсто од граѓаните ќе излезат на референдумот

Во опозицискиот табор мнозински е ставот да не се излезе на референдумот – 57,7 отсто, додека 29,8 отсто од симпатизарите на опозициската партија сепак би излегле да гласаат.

1233

Речиси 58 проценти од граѓаните ќе гласаат на референдумот за името. Ова го покажа новата анкета што за Телма и МЦМС во соработка со Инситутот за демократија – Социетас цивилис, ја спроведе М Проспект. Истражувањето е спроведено теренски во период од 07 до 25 август 2018, на национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.

Наспроти 57,8 отсто кои се изјасниле дека ќе излезат на гласање, една третина – 28,8 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, 11,2 отсто – не знаат и 2,2 отсто одбиле да одговорат. Од оние кои ќе излезат на референдумот дури 70,8 отсто одговориле дека ќе гласаат „за“; 14,8 отсто „против“; 10,9 отсто се уште не се определиле; 3,5 отсто одбиле да одговорат.

Анкетата правена врз примерок на испитаници кој е повеќестепен стратификуван, репрезентативен според регион, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, покажа дека 52,4 отсто од Македонците и големо мнозинство етнички Албанци 70,6 отсто се определени да излезат на гласање. Од Македонците „за“ ќе гласаат 61,7 отсто  и од етничките Албанци – 88,8 отсто.

Анкетираните се полнолетни лица, граѓани на Македонија и сите резултати се урамнотежени според официјални демографски статистички податоци од Државниот завод за статистика и Проценките за население за 2017 година.

Анкетата које е спроведена на македонски и албански јазик исто така го покажува и рапсоложението за референдумот по паертиска определба. Таа покажа очекувано големо мнозинство на референдум да излезат симпатизерите на СДСМ 93,8 отсто и на ДУИ 78,3 отстододека интересни се бројките за приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во опозицискиот табор мнозински е ставот да не се излезе на референдумот – 57,7 отсто, додека 29,8 отсто од симпатизарите на опозициската партија сепак би излегле да гласаат.

Клучната причина поради која оние кои на референдумот ќе гласате „за“ ја навеле дека Договорот ќе помогне за влез во ЕУ и НАТО – 62,3 отсто. За 26,7 отсто причина е дека Договорот е добро решение на долгогодишниот спор, а 5,2 отсто рекле дека немаме друг избор.

Сите резултати во анкетата се подложни на статистичка грешка од ±3,1 отсто со прифатливо ниво доверба: 95,0 отсто.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...