Анкета: Заев има најголема доверба кај граѓаните

644

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е политичар со најголема доверба од граѓаните, покажува анкетата на телевизија Телма, во која  24 проценти од испитаниците се изјасниле дека најмногу му веруваат.

Според резулатите од анкетата објавени во синоќешното издание на емисијата „Топ тема“, претседателот Ѓорге Иванов ужива доверба од 9,9 проценти, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски од 2,9 проценти, а неговиот претходник Никола Груевски од 6,1 отсто.

Доверба во претседателот на ДУИ Али Ахмети имаат 4,1 отсто, во Зијадин Села 2,9 проценти, 0,5 проценти веруваат во Билал Касами, лидер на едното крило на БЕСА, а неговиот опонент Африм Гаши, како и  првиот човек на ДПА Мендух Тачи не се на листата на првите седум политичари во кои граѓаните имаат најголема доверба.

Доколку утре би се одржале избори на нив би победил СДСМ, сметаат 25,5 отсто од испитаниците во анкетата, а според 20,6 отсто од нив победник би била ВМРО-ДПМНЕ, за 7,4 проценти избор е ДУИ, за Алијансата за Албанците 2,9 отсто, два процента за БЕСА (без разграничување за кое крило станува збор)…

Во анкетата премиерот Зоран Заев за својата работа доби средна оценка 2,78.

Во одговор на прашањето колку Заев ја оправдал довербата на народот со неговата работа, на скала од еден од пет, 26 проценти го оцениле со „единица“, 14,4 проценти со „двојка“, 22,2 процента со „тројка“, 15,5 проценти со „четворка“, а 15,2 процента со „петка“.

На прашањето дали Заев заслужува повторно да ја добие довербата потврден одговор дале 39,6 проценти, со „не“ одговориле 38,9 проценти, а 21,5 проценти не понудиле одговор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...