Анкета: Владата не направила доволно за „Рекет“, а опозицијата за ЕУ

764

Вкупно 46,5 проценти од граѓаните сметаат дека земјата се движи во лоша насока, наспроти 32 процента кои сметаат добратно, додека секој петти или близу 20 проценти сметаат дека ништо не е променето, покажуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) за ставовите на граѓаните за актуелните политички случувања во земјата.

Мнозинство од испитаниците или 68 проценти сметаат дека Владата не направила доволно за случајот „Рекет“, а  според 55,1 процент дека опозицијата не е доволно посветена на реформската агенда кон ЕУ.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година и со него се опфатени илјада испитаници. На прашањето „Дали треба целосно да се имплементира Преспанскиот договор, без оглед на исходот на последниот самит на Европскиот совет“, една третина од испитаниците или 33,2 проценти одговориле позитивно, а мнозинството од  55,8 отсто дале негативен одговор.

Дека владата е виновна за недобивањето датум за преговори со ЕУ  сметаат 46,8% проценти,а 22,5 отсто вина за тоа ја гледаат кај Франција, а 15,6 отсто во внатрешните проблеми на ЕУ. Најмал е процентот на испитаници – близу 10 отсто  кои сметаат дека опозицијата е виновна за недобивање датум за преговори со ЕУ. На прашањето за тоа кои се алтернативите сега, мнозинство од испитаниците одговориле дека треба да продолжиме со реформите без оглед на исходот со датумот за почнување преговори со ЕУ (65,3%), а дел од испитаниците одговориле дека сега алтернатива треба да ни биде Евроазиска унија (21,8%).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...