Мисијата на ОБСЕ во Скопје реагираше на веста што денеска ја објавија некои портали, а според која излезноста на референдумот ќе биде „катастрофално лоша“.
– Мисијата на ОБСЕ во Скопје е запознаена со неодамнешните написи во медиумите во кои се тврди дека ОБСЕ спровела анкета за претстојниот референдум. Мисијата нема спроведено таква анкета. Сите наводи кои го тврдат спротивното се неточни и не ја одразуваат работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје – се наведува во демантот.