Анкетата: Граѓаните сакаат референдум за името

638

Дури 71.4 отсто од македонските граѓани сметаат дека треба да има референдум за можната промена на името, а 25.2 отсто мислат дека не треба да има референдум, покажуваат резултатите од анкетата на МЦМС и Институтот за демократија која ја објави телевизија Телма.

На прашањето кога треба да се спроведе референдум, 48.8 отсто сметаат дека треба пред да се постигне договор со Грција, 25.5 отсто при влез во ЕУ, додека 10.5 отсто при влез во НАТО.

Резултатите од анкетата покажуваат и дека на референдумското прашање дали е прифатливо името Република Горна Македонија, негативно одговориле половина од анкетираните, а позитивно 41.4 отсто.

 

Анкетата била спроведена на терен, во периодот од 5 до 20 април на репрезентативен примерок од 1.004 лица, а 47.1 отсто од нив се изјасниле дека не прифаќаат никаква промена на името, додека за 40.8 отсто најмалку прифатливо решение е ерга омнес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...