Анистон им даде надеж на фановите, актерите од „Пријатели“ спремни за продолжение

539

Џенифер Анистон во разговор со Елен ДеЏенерес рече дека таа отсекогаш сакала продолжение на серијата „Пријатели“ и дека конечно сите актери се на иста страна.

– Ви велам, јас ќе играм. Девојките се согласија, момците се согласија, сигурна сум. Слушајте, сѐ може да се случи – рече Анистон.

Ако нејзините колеги повторно се премислат, Анистон смета дека таа може самата да се справи со продолжението. Елен се шегуваше и рече дека серијата би можела да биде преименувана во „Пријател“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...