Анима Мунди: На скопските улици се превезува распнат коњ! ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО

718

Толку сме отчовечени што ни ваков ужас на улица веќе не ни значи ништо, велат од невладината организација за правата на животните Анима Мунди, која до медиумите ја испрати оваа вознемирувачка фотографија.

„Ова е лицето на Скопје и на Македонија кое треба цел свет да го види и по кој треба да нè препознае! Ваков е третманот на животните кај нас! Итно бараме МВР, АХВ да реагираат и најстрого да го казнат лицето кое управува со возилото и кој среде бел ден и во екот на сообраќајниот метеж во главниот град превезува обесен коњ! Ако ова помине неказнето, ние сме сите примитивци без грам свест, осет, срам!“, порачуваат од Анима Мунди.

ФОТО: Анима Мунди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...