Анима мунди: Во Охрид се трујат кучиња со силен отров

388

За низа страотни случаи на убиства на животни во Охрид, во ек на туристичката сезона, на прометни локации и среде бел ден, предупредува Здружението Анима мунди.

Податоците, слики и видео снимки им пристигаат од бројни граѓани, кои сведочеле дека животните умирале во најтешки маки а отровот кој бил расфрлан бил со толку силно дејство што и со вдишување бил смртоносен.

„Кучињата се бездомни и не се виновни што се на улица, туку се и самите жртви на неодговорни сопственици кои ги размножуваат и напуштаат кога ќе им здодеат. Општините располагаат со пари и се должни да ги стерилизираат, третираат хумано без исклучок, а за да го решат проблемот неопходно е најстрого да се забрани неконтролираното размножување и најстрого казнува неодговорното сопствеништво“, велат од Анима мунди.

Ќе се превземе ли нешто за да се фати овој сторител, како и сите други кои убиваат животни, прашуваат од Здружението.

„Бараме итна интервенција од општината, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Министерството за внатрешни работи со цел да се стави крај на ова монструозно дивеење по улиците, парковите, тревниците преку конечно изрекување на казна затвор за лицата кои злоупотребуваат отровни материии, вршат кривично дело мачење на животни, предизвикуваат општа опасност пред која и луѓето и животните можат да бидат жртва“, се наведува во реакцијата на Здружението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...