Андреску со историски успех на Индијан Велс

128
ФОТО: EPA / JOHN G MABANGLO

Осумнаесет годишната Бјанка Андреску постигна историски успех, откако ја освои титулата на силниот турнир во Индијан Велс. Во финалето таа се справи со поранешната број 1 во светот Анжелик Кербер, победувајќи ја со 6:4, 3:6, 6:4. Дуелот се претвори во голема битка, која по 2 часа и 18 минути ја доби младата Канаѓанка.

Таа стана најмладата шампионка на турнирот од Серена Вилијамс наваму (1999 година) и четвртата најмлада во историјата на натпреварувањето по Вилијамс, Мартина Хингис и Моника Селеш.

Победите во Калифорнија стануваат причина и за голем скок на светската ВТА листа. Од денес таа ќе напредува за 36 позиции и ќе се најде на 24 место во светот.

Андреску е сензација од почетокот на годината. Таа има 28 победи и само 3 порази, што е најдобра статистика во женскиот тенис. Повеќето нејзини победи се на турнири од пониско ниво, но при учества на големи натпреварувања таа покажа дека тие не се случајни и кулминацијата беше вчерашната титула.

Канаѓанката стана првиот учесник со „вајлд карта“ кој победил на турнирот во Индијанаполис.

ФОТО: EPA / JOHN G MABANGLO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...