Канаѓанката Бјанка Андреску ноќеска ја совлада Белгијката Елис Мертенс во четвртфиналето на УС опен и избори пласман во полуфиналната фаза.
За нешто повеќе од два часа Андреску победи со 2-1, по сетови 3:6, 6:2 и 6:3.
Таа за финалето ќе игра против Белинда Бенчиќ.
Во другото полуфинале ќе се соочат Елина Свитолина и Серена Вилијамс.
ФОТО: EPA / JOHN G MABANGLO