Андонов во „Само вистина“: Во ЕУ и НАТО не треба да влеземе обезличени ВИДЕО

2249

Не верувам дека исходот од преговорите ќе биде во корист на Македонија. Владата на чело со Заев нема лимити во преговорите со Грција, рече политичкиот аналитичар и универзитетски професор Оливер Андонов во денешната дебата во „Само вистина“ на Канал 5.

– Треба да се стремиме кон ЕУ и НАТО, но не треба да влеземе во овие организации обезличени. Досега никој не прифати ерга омнес. Какви бенефити ќе добиеме како држава ако ги изгубиме нацијата, личната карта на државата? Последиците ќе бидат многу тешки – рече Андонов.

Неговиот соговорник, универзитетскиот професор и поранешен разузнавач Владимир Пивоваров, пак, вели дека во дипломатијата постигнато решение значи дека ќе има незадоволни и на двете страни.

– Очекувано е и кај нас и во Грција да има незадоволни. Храбрите одлуки не секогаш носат политички поени. Во ваква ситуација треба да има консензус, потребно ни е единство – рече Пивоваров.

Тој посочи дека основниот бенефит од влезот во НАТО и почнувањето на преговорите за влез во ЕУ е економски, односно значи подобар живот за граѓаните.
Андонов и Пивоваров дебатираа и за реформите во судството, разврската на случаите на СЈО и за случувањата од 27 април.

Погледнете ги најинтересните моменти од дебатата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...