Андоновски нов селектор на актуелниот светски првак во женски фудбал

148

Македонскиот тренер Влатко Андоновски ќе биде нов селектор на актуелниот светски првак во женски фудбал.

Откако Џил Елис најави заминување од селекцијата на САД по освојување на титулата на СП 2019, Андоновски беше апсолутен фаворит за нејзин наследник.

Како тренер во изминатите две сезони, тој го водеше Рејн во американската лига, а исто така беше на клупата на Канзас Сити, кој го одведе до две титули.

Своето деби на клупата Андоновски ќе го има на 7 ноември против Шведска, а три дена подоцна ќе ги води САД и против Костарика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...