Андоновски: Детската болница-Козле се полни, родителите да ги носат децата на чист воздух

313

Родителите треба да работат на подобрување на имунитетот на децата, да ги носат на чист воздух и да им даваат повеќе витамини – препорача денеска директорот на Детската болница – Козле, Ангелчо Андоновски.

Тој посочи дека поради студеното време вообичаено за зимскиот период, постојано се зголемува бројот на пациентите во болницата.

– Сите деца кои се хоспитализирани се со симптоми пулмонална патологија, односно со пневмонии, ларингитис, бронхитис…Болницата е полна со пациенти. Даваме помош на секое дете кое ќе биде донесено, додаде Андоновски, о доделувањето новогодишни пакетчиња на децата од страна на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...