Андоновска: Институциите молчат за аферата „вирус“, а има признание за рекет?

Деновиве имаме јавно признание од сопственик на фармациска фирма дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови, истакна Андоновска.

2123

На македонската јавност и се случува нова афера „вирус“, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат. Деновиве имаме јавно признание од сопственик на фармациска фирма дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Фирмата имала потреба од дозвола за интервен увоз, рече денеска на конференција за печат Марија Андоновска од ВМРО–ДПМНЕ.

– Внимавајте, значи увоз на нешто што е итно и неопходно, а Агенцијата за лекови не дала никаков одговор! По пријавување на рекетот, сопственикот и фирмата сносат само последици како притисоци, закани, вонредни инспекции, за завршницата да биде незаконско затворање на фирмата. Ова е само еден од низата случаи во кои фирми бараат дозволи од Агенцијата за лекови, а притоа речиси без исклучок на сите им е побаран финансиски надомест или рекет – рече Андоновска.

Таа оцени дека министерот за здравство Венко Филипче, досега не само што не спречил сомнителни и криминални постапки, туку на некој начин ги поттикнува.

– Значи по дефиниција, а вие како министер тоа треба да го знаете, Агенцијата, поточно поединци вршат економска дејност поврзана со организиран криминал – едноставно прават рекет. Прво, знаете ли што прават поединци од Агенцијата за лекови, регулаторно тело кое ги издава сите дозволи за лекови? Второ, има конкретен случај за фирма на која и се бара рекет, а има молк од сите надлежни институции, зошто? Со јавно признание за рекет врз фармацевтска фирма и без никаков одговор од Агенцијата до истата фирма за побараната дозвола, а без никаква истрага некој мора да сноси одговорност – порача Андоновска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...