Андерсон нема да игра на УС Опен поради повреда на коленото

104

Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андерсон, најави дека нема да учествува на УС Опен поради повреда на коленото.

Според „АФП“ 33-годишниот тенисер немал време да се опорави до почетокот на турнирот, а тој ќе биде заменет со Италијанецот Паоло Лоренци.

Андерсон нема настапувано уште од Вимблдон, каде се повреди во третото коло. Тој ги пропушти турнирите во Вашингтон, Монтреал и Синсинати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...