Англија по 28 години ќе игра полуфинале на Мундијал

184
ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Англија ја совлада Шведска со 2:0 и се пласираше во полуфиналето од Светското првенство во Русија.

Првиот гол Англичаните го постигнаа од првиот корнер во 30. минута. Корнерот го изведе Јанг, а Мегвајар погоди со глава.

Во 59. минута, тие постигнаа уште еден гол со глава за конечни 2:0. Овој пат шведската мрежа ја затресе Деле Али.

Последното полуфинале кое го одиграле Англичаните е во 1990 година. Тие можат да се пофалат само со една светска титула од далечната 1966 година.

ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...