Еден англиски навивач во Софија починал, неофицијално, од предозираност со дрога. Вечерва од 20.45 часот, репрезентациите на Бугарија и Англија играат меч од квалификациите за ЕП 2020, а во главниот град на Бугарија допатуваа неколку илјади Англичани.
Во моментов се врши аутопсија, а според непотврдени информации, причина за смртта е прдозираност од наркотични средства.
Според бугарските медиуми, кои пренесуваат изјава од полицијата, навивачот колабирал на улица, и со возило на брза помош бил пренесен во болница, но била констатирана смрт. Има и две други пријави за инциденти кои ги правеле Англичаните, а имаше и една тепачка во која еден Англичанец се здоби со скршеница на раката.