Ангелов во „Само вистина“: Бранејќи го македонското име, го изгубивме македонскиот народ

3924

Бранејќи го македонското име, го изгубивме македонскиот народ кој масовно се иселува. Но ако влеземе во Европската Унија, ќе се срушат границите меѓу Македонците од оваа Македонија, како и да се вика во иднина, и Македонците од Егејска и Пиринска Македонија, рече генерал Стојанче Ангелов во денешната „Само вистина“ на Канал 5.

– Како „Достоинство“ ние баравме да се прекинат преговорите, но македонските граѓани избраа преговори. СДСМ во својата изборна програма најавуваше дека ќе го реши спорот со името. Исто и претходно ВМРО-ДПМНЕ видовме дека преговарале. Значи мнозинството граѓани им ја даваат довербата на тие што се за преговори. Јас ја почитувам волјата на граѓаните – рече Ангелов.

Негов соговорник беше политичкиот аналитичар Александар Пандов, според кого, какво било име што е различно од Република Македонија значи и промена на идентитетот.

– Верувам дека решение наскоро ќе има. Грција сега не може да излезе од преговорите, бидејќи нашата Влада ги исполни сите точки од списокот на Коѕијас. Тие се под силен меѓународен притисок. И да не е Илинденска Македонија, ќе биде друго решение. Нашата Влада веќе прифати ерга омнес и промена на Уставот, самото име многу полесно ќе го договорат – рече Пандов.

Погледнете ги најинтересните моменти од дебатата:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...