Ангеловски пред Полска: Играме за нешто големо

109

Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија, Игор Ангеловски пред денешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека не е важно против кого играме, туку за што играме.

– Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме. Можам да кажам дека уживам во моментов со овие момци кои го даваат максимумот на секој меч – вели Ангеловски.

Според него, напаѓачот Роберт Левандовски е најопасниот играч на Полска.

– Ме импресионираше уште кога играше за Борусија. Но мене ме импресионираат и моите фудбалери и она што тие го покажуваат во моментов – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Натпреварот Полска-Македонија се игра денеска во Варшава со почеток од 20:45 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...