Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на нации.
За натпреварите против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц и домашниот дуел со Гибралтар на 19. ноември, Ангеловски ги повика слeдниве фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дејан Илиев.
Одбрана: Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Мите Цикарски и Кристијан Тошевски.
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас и Стефан Спировски.
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски Крсте Велковски.