Ангеловски: Одиме на победа, респект за Литонија

Натпреварот се игра утре во Рига со почеток во 20:45 часот и е во рамките на 6.коло од квалификациите за ЕУРО 2020.

110

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија рече дека очекува победа.

– Го респектираме тимот на Летонија, знаеме дека имаа лош натпревар против Австрија, но понекогаш тоа не мора да значи многу. Очекувам да одиграме мотивирано, енергично и да победиме. За нас е ова многу важен натпревар, со победа на утрешниот натпревар остануваме во игра за висок пласман во квалификациската група. Сите успеси се должат на квалитетот на фудбалерите, преку Лигата на нации дојдовме во бараж, а ако победиме утре, ќе бидеме со опции и преку квалификациите. Бодот со Израел ќе добие на тежина само ако ја совладаме Летонија – изјави селекторот Ангеловски.

Натпреварот се игра утре во Рига со почеток во 20:45 часот и е во рамките на 6.коло од квалификациите за ЕУРО 2020.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...