Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Полска и Австрија

118

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска го објави списокот на играчи за претстојните дуели со Полска и со Австрија.

Двете средби се од квалификациите за Европското првенство 2020 година. Натпреварите ќе се играат на 7 јуни против Полска и три дена подоцна со Австрија.

Ангеловски ги повика следниве фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев и Дамјан Шишковски.
Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Кристијан Тошевски и Ѓоко Зајков.
Среден ред: Енис Барди, Адријан Адеми, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас, Кире Маркоски и Марјан Радески.
Напад: Горан пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Крсте Велковски и Дарко Чурлинов.

Двата меча ќе се играат во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...