Ангелка Пеева Лауренчиќ можен кандидат на ЛДП за претседателските избори

4236

Ако Либерал – демократската партија на претседателските избори настапи самостојно , нејзин кандидат ќе биде Ангелка Пеева Лауренчиќ, за Плусинфо потврди извор од раководството на партијата.

Ова не е прв ангажман во политиката за Лауренчиќ. Пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади, а беше и пратеник од редовите на ЛДП од 2002 до 2006 година.

Од политичките, таа потоа премина во бизнис водите. Веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.

Таа е родена во 1969 година во Штип. Мајка е на две деца.

Нејзиниот покоен сопруг, Иво Лауренчиќ, беше пионер во маркетинг бизнисот во поранешна СФРЈ, а потоа и во земјава, со основањето на агенцијата „Идеа Плус“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...