„Ана Кап трио“ од Франција гостува во Филхармонија

131

Неконвенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ вечер од 20 часот ќе настапи во камерната сала на Филхармонијата со своето возбуливо „Траума шоу“.

– Во ова лудо и поетско шоу триото „Ана Кап“ свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник. „Траума шоу“ на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни, соопшти Филхармонијата.

Триото музичари го сочинуваат Пјер Миле (труба), Мануел Декок (виолина) и Жан Мишел Трото (хармоника).

– Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата, додава домаќинот на концертот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...