Ана Камчева: „Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене“, му рекла Стефанова на адвокатот, а Бојан точно знаеше кога мојот сопруг ќе биде повикан во СЈО

За два до шест милиони евра Камчев може да добие поблага мерка во случајот Империја, ми кажа Васил Димишков

28266

Сведокот Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Јордан Камчев во денешното рочиште сведочеше дека братот на судијката Весна Димишкова, Васил, ѝ рекол дека за сума од два до шест милиони евра Камчев може да добие поблага мерка во случајот Империја.

Таа зборуваше и за првата средба со обвинителката Лиле Стефанова и со обвинетата Катица Јанева во Кривичниот суд и раскажа за, како што рече, недоличното  однесување на обвинителката Стефанова.

„Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене“, му рекла Стефанова на адвокатот Антонио Апостолски, бранител на Камчев во предметот Империја, изјави Камчева  на денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Таа додаде:

– Бојан точно знаеше кога мојот сопруг ќе биде повикан во СЈО, за какви прислушувани разговори станува збор. Тој располагаше со информации и имаше комуникација со Јанева – посведочи Камчева.

Таа кажа дека околу 15 ноември 2018 ѝ се јавил Милески, кој бил вознемирен и инсистирал да се видат во хотелот „Александар Палас“. Рече дека ја терал да кружат околу хотелот, за да не ги прислушуваат.

Камчева рече дека на 9 ноември 2018 година, некаде половина час по полноќ во нивната куќа пристигнал Зоран Милевски Кичеец, кој им кажал дека полицијата ќе прави претрес во 6 часот, што и се случило.
– Откако во нашиот дом беше извршен претрес, во десет часот беше спроведен и во фирмите, за потоа да биде изведен пред судија на претходна постапка за случајот „Империја“ – рече Камчева.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...