Ана Камчева, сопругата на Орце Камчев, денеска околу 10 часот дојде во Кривичниот суд, каде треба да сведочи на рочиштето за предметот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.
Во судницата е и Мирјана Бошковска, сметководителка во фирмите на Камчев, која е исто така сведок во овој предмет.
На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.
Камчева не се појави на тоа рочиште бидејќи имала зголемена телесна температура.