Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ покажала тенка фигура веднаш по второто породување.
Ана го роди својот втор син пред десетина недела, а сега на Инстаграм ги објави своите први фотографии по второто породување. Поранешната тенисерка отсекогаш била позната по својата тенка фигура, а обожавателите не можат да веруваат колку е тенка, бидејќи неодамна го роди своето второ дете.
„Прекрасен ден во Чикаго и совршено време за семејна прошетка. Ви благодарам на сите за убавите желби“, напишала Ана во насловот на фотографиите на кои позира на тревата.
Многубројни обожаватели веднаш истакнале колку добро изгледа и ѝ посакале среќа со новиот член на семејството.
Ана е во брак со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер од 2016. година. Покрај синот што го донесе на свет пред десетина дена, со него го има и едноиполгодишниот син Лука. Ана и Бастијан сè уште не откриле кое име му го дале на вториот син.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин