Ана Ивановиќ, поранешна српска тенисерка и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер пред два месеци обелоденија дека повторно ќе станат родители. Гордата мајка на Инстаграм со пријателите споделила фотогрaфија на која го покажува трудничкиот стомак.
„Секогаш во акција“, стои во објавата на поранешната тенисерка, а за три часа фотографијата „заработила“ 30.000 лајкови.
Инаку Ана и Бастијан се венчаа во 2016 година, а лани во март станаа родители и го добија синот Лука.
Двојката во моментот живее во Цирих, а во една прилика Ана изјавила дека од родната Србија ѝ недостасува домашната храна и шетањето покрај реката во Белград.
Ана и Бастијан неодамна ја прославија третата годишнина од бракот, а таа со соодветна фотографија на Инстаграм објави и честитка.
„Не можам да поверувам дека веќе поминаа три години. Едвај чекам уште многу кои заедно ќе ги поминенем. Среќна годишнина, љубави“, стои во објавата.