Финансиските проблеми со кои се соочуваат дел од локалните власти повторно испливаа на површина со почетокот на новата учебна година, која дел од основните и средните училишта во Мкедонија ја започнаа со старо-нови проблеми: блокирани сметки, неплатена струја, долгови з апревоз на ученици, отстуство на финансии за обезбедување на елементарни услови за работа. Дел од градоначалниците за неделната економска анализа на Portalb.mk зборуваат за финансиската кондиција на општинските каси но и за долговите во образованието на локално ниво.
Под блокада 20 општини …
Во текот на овој месец локалните власти треба да бидат известени колку пари ќе добијат по основ на блок-дотации. На јулската седница на ЗЕЛС, градоначалниците побарале зголемување на буџетските дотации за 30 отсто. Во меѓувреме, со почетокот на новата учебна година повторно на површина испливаа долговите во образованието, а дел од училиштата ја почнаа годината со блокирани сметки. Не само за превоз на ученици и за греење, дел од училиштата во земјава во новата учебна година немаат пари за обезбедување на основни услови за работа, за дератизација на објектите, за плаќање на законските здравствени прегледи на наставниците. Средни и основни училишта и во оваа учебна 2018-2019 година ќе „работат“ со блокирани сметки.
Само во Гостивар такви се две, едно основно училиште и гостиварската гимназија, а причина за оваа состојба, според градоначалникот е политиката.
Таравари вели дека се работи за долгови по основ на неплатени сметки за струја а неговиот обид за договор со директорите завршил без успех.
– Долговите на училиштата во Гостивар изнесуваа околу 150 000 евра, од ова сума подмирени се скоро сите, освен во две училишта, едно основно и едно средно, кои имаат блокирани сметки поради неплатени долгови за струја. Им предложив на директорите да се подмири долгот со цесија, но тие не прифатија, со што проблемот остана. За оваа состојба виновна е политиката – вели Таравари.
Градоначачникот објаснува дека затекнал долгови од 3 милиони евра, а успеал да сервисира половина, или 1,5 милион евра. Финансиските проблеми во општините, особено во образованието на локално ниво биле тема на јулската седница на ЗЕЛС на која градоначалниците од различни општини алармирале за долгови по различни основи и за вкупната несолвентност на општинските каси.
– Беше посочено дека обврската, превозот на учениците да го обезбеди општината во која учат учениците, создава дополнителни проблеми на овие општини, бидејќи средствата кои ги добива по ученик, ни приближно не ги покриват направените трошоци. Овие општини се соочуваат со дополнителни предизвици при спроведувањето на јавните набавки за превоз на учениците, каде локалната власт е немоќна на понудените високи цени од страна на операторите. Долгови се нижат и за намирување на другите обврски за обезбедување на адекватни услови за работа во училиштата (греење, одржување на објектите, наставни и потрошни материјали , здравствени прегледи на наставници обезбедување, дератизација…) кои во континуитет се зголемуваат и на кои се калемат и каматите за истите – велат од ЗЕЛС.
Проблематичен почеток на оваа учебната година имаа и дел од училиштата во Битола, но според градоначалничката Наташа Петровска, клучниот проблем со превоз на ученици е решен. Во општина Битола вкупните долгови на училиштата изнесуваат 4,5 милиони евра а од 18 училишта, половина се со блокирана жиро сметка. Она што е алармантно е што дури 10 училишта се под блокада повеќе од шест години. Голем дел од долговите се, освен за презов на ученици, и за неплатена струја.
Неодамна, премиерот Зоран Заев најави дека со октомврискиот ребаланс, општините, особено оние кои се во тешки финансиски проблеми ќе добијат повеќе буџетски пари.
– Конечното решение на оние затекнати стари долгови е преку начинот на кој што државата ќе им помогне на општините во враќање на долговите. Најголем дел од тие долгови се спрема училиштата, детските градинки и другите образовни институции. Верувам дека со ребаланост во октомври сите овие средства ќе бидат алоцирани за трајно да се реши проблемот, а дотогаш јас како премиер заедно со градоначалниците сме вклучени да ги подмируваме долговите кои се накалемени на самите училишта – изјави Заев.
Иако податоците за бројот на блокирани општини се менува, според информации на „Порталб“, тој сега изнесува околу 20, а лани со блокирана сметка биле 17 општини, од нив колу седум се со блокирана сметка со години и во континуитет.
Долговите на општините повисоки од 250 000 000 евра?
Во очекување на финансиска инјекција, локалните власти упатија барање до ресорниот министер за образование дека за трајно решение на проблемот, потребно е да се зголеми сумата на пари што од Буџетот се пренесува на општинските сметки.
“Пред министерот Адеми, уште еднаш беше изнесен ставот на ЗЕЛС дека секое менување на методологијата за распределба на блок дотации нема да ги реши предизвиците, туку дека е потребно зголемување на блок дотациите за најмалку 30% и беше изнесена потребата од итно донесување на Правилник за превоз на учениците во основното и во средното образование“ – му порачале на министерот градоначалниците преку ЗЕЛС.
Не само во Битола и во Гостивар, со финансиски проблеми се соочува и Охрид, каде состојбата со години е тешка а жиро сметката е под блокада, но проблеми има и општина Куманово. Вкупните долгови на сирте општини во земјава, според одредени преоценки изнесувата околу 250 милиони евра, од нив 120 милиони евра, според официјален ревизорски извештај, се долгови за неизмирани обврски кон добавувачи, кредити, долгорочни заеми, судски решенија и камати.
“Јасно е дека долговите на локалните власти се големи, ако се анализира структурата, ќе се види дека дел од долговите се преземени, би рекол од социјализмот, пред да се донесат новите законски решенија за локална самоуправа, потоа тука се и дологовите по основ на неодговорно работење на претходниците, тендерски прекршувања, реализација на проекти во време кога оптинските каси биле несолвентни а дел од долговите се кон добавувачи, за ревоз на ученици, сметки за струја“ – вели градоначалникот на Велес и член на УО на ЗЕЛС, Аце Коцевски.
Колку и по кој основ должат општините – на ова прашање одговор треба да даде новата методологија за евидентирање на долговите на локално ниво. Имено, општините веќе законски се обврзани да ги пријават долговите преку посебен систем во Министерството за финансии, од каде велат дека постапката е во тек и дека е потребно време општинарите да ги пријават потребните податоци, по што ќе се знае и вкупната слика за општинските долгови. Со годинашниот Буџет, висината на трансферите до единиците на локалната самоуправа изнесуваат близу 300 милиони евра а најголемиот дел парите за образование, или повеќе од 80 отсто завршуваат за плати на вработените во училиштата.