АНАЛИЗА: Имотна состојба на пратениците од албанскиот политички блок 

830

Сегaшните Анкетни листови содржат податоци за последната пријавена состојба за имотот на пратениците. Дел од нив во Државната изборна комисија фигурираат и со повеќе Анкетни листови, во зависност од функциите што ги имале пред пратеничкиот мандат. Законската регулатива предвидува и ги задолжува пратениците најдоцна 30 дена по завршување на нивниот мандат да пополнат нови Анкетни листови, пишува Порталб.мк. Во оваа анализа ја опфаќаме моменталната имотна состојба што ја пријавиле пратениците. Откако ќе се објават новите Анкетни листови, интересно ќе биде да се дознае дали кај некои од нив има промена на имотната состојба.

Некои со богати родители, други без трансакциски сметки…

Овој пратенички мандат, лидерот на ДУИ, пратеникот Али Ахмети, го напушта со пријавена трансакциска сметка на која има 758.500 денари. Во моменталниот Анкетен лист, како личен имот пријавена е куќа од 254 метри квадратни во село Зајас, со проценета вредност од 100.000 долари, земјоделско земјиште од 700 метри квадратни во Албанија во вредност од 30.000 долари и автмобил на име на споругата со вредност од 7.000 евра.

Фронтменот на ДУИ, пратеникот Артан Груби во постоечкиот Анкетен лист има пријавено стан во Скопје во вредност од 100.000 евра, два автомобили на негово име, од кои едниот Ауди А6 2011 година во вредност од 1 милион денари. Груби  на своите сметки, трансакциска и штедни книшки, има околу 12.400 евра. Во износ од 1 милион денари пријавил и легализација на надградба на имот.

Во регистерот на ДКСК, досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, пријавил три Анкетни листови за имотната состојба поради трите различни јавни функции што досега ги обавувал. Како претседател на Парламенот, Џафери, заминува без пријавена транскациска сметка, а пријавени кредити во износ од 35.500 евра. Како личен имот, Џафери пријавил два автмобили и двата марка Ауди А6 2018 , куќа во село Форино од 340 метри кавдратни, стан во Скопје со вредност од 2.200.000 денари. Пријавени се и два автмобили на име на децата и плата во износ од 17.000 денари на име на сопругата.

Пратеникот и претседател на Алијанса на Албанците, Зиадин Села, во  сегашниот Анкетен лист пријавил куќа од 300 м2, земјиште од 3.190 м2 и шума од 15.157 м2 – сите во село Ливада, Струга. Од 2014 та година Села на свое име има кредит во износ од 610.000, а на трансакциска сметка му лежат 3.300 денари. Во Анкетниот лист фигурира и автомобил марка Јагуар со вредност од 10.000 евра.

Две трансакциски сметки без салдо и два авотомобили со вкупна вредност од 13.000 евра. Ова како личен имот е пријавено во моменталниот Анкетен лист на пратеникот и претседател на Алтернатива,  Африм Гаши. На име на неговата сопруга пријавил накит со проценета вредност од 120.000 денари и автомобил од 166.000 денари, додека на име на неговите родители пријавени се стан во Скопје со проценета вредност од 40. 000 евра, пензија како и земјиште и куќа во постапка на трансформација и легализација.

Пратеникот Фадил Зендели од Беса како личен имот во постоечкиот Анкетен лист, ги навел двата кредити во износ од 25.000 евра, земјиште во Ростуше од 1.077 м2, автомобил со пријавена вредност од 10.000 евра, додека на име на неговите родители пријавени се апартман од 60м2 во Гостивар и куќа од 450 м2 исто така во Гостивар. На име на сопругата пријавен е кредит во износ од 920.000 денари.

Пратеничката Теута Биљали од Беса, според податоците од сегашниот Анкетен лист нема ништо на свое име – се што е пријавено е на има на родителите, освен автомобил со вредност од 430.500 денари, на име на нејзиниот сопруг.  Според податоците од Анкетниот лист, родителите на Биљали поседуваат голем број на недвижности со вкупна вредност од околу 3,5 милиони евра. Така , пријавено е дека нејзините родители поседуваат земјоделско земјиште со пријавена вредност од 145.000 евра, две куќи со деловен простор, двор, земјиште во износ од 280.000 евра и станбена зграда со земјиште во Тетово со површина од 1.024 м2 и пријавена вредност од скоро 3 милиони евра како и стан од 91 м2 во Тетово со вредност од 54.600 евра. Дoполнително, семејството поседува и две пасишта во Тетово.

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, според сегашните податоци, пријавил дека има две куќи, едната со двор од 13.000.000 денари во Тетово, другата со деловен простор и двор со пријавена вредност од 4.575 000 денари исто така во Тетово. Тачи на транскациска сметка има 141.500 денари, а на штедна книшка 103.356 евра, депозит во износ од скоро 53.000 евра има и неговата сопруга, која поседува и автомобил од 240.000 денари. Како пратеник, Тачи пријавил дека поседува кредит во износ од 861.000 денари како и побарување по основ на заем во износ од 22.300 евра.

Како пратеничка од ДПА, Мерал Узеири Ферати, пријавила дека од недвижен имот нема ништо на свое име – се се води на сопругот. Семејството поседува деловен простор во Тетово со пријавена вредност од 50.000 евра, куќа во Тетово со површина од 300 м2 и вредност 250.000 евра, автомобил марка А6 со вредност од 360.000 денари како и два кредити во вкупен износ од скоро 25.000 евра.

Плац од 3 милиони денари и Ауди 6 на лично име пријавил пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците. Во сегашниот Анкетен лист на име заднички имот стекнат со наследство, семејството Рашиди поседуваат земјиште, ливада, лозје, шума а пријавен е и автомобил во вредност од 8 000 евра на име на брачен другар.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...