Анализа: Анти-ЕУ настроените партии ќе имаат повеќе од една третина во ЕП

93

Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) објави анализа посветена на претстојните избори за Европскиот парламент (ЕП), наведувајќи дека „со оглед на тоа дека тие кои се антиевропски ориентирани се на пат да освојат повеќе од една третина во наредниот состав на ЕП, влогот на изборите во мај 2019 година е невообичаено голем”.

Овој „тинк-тенк”, со седиште во Лондон и канцеларии ширум ЕУ, на чие чело, меѓу другите, се поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд, поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Марти Ахтисари, како и поранешен министер за надворешни работи на Шпанија и поранешен генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, анализата ја нарече „Европски избори 2019: Како оние кои се антиевропски ориентирана планираат да ја срушат Европа и што може да се направи за да се спречи тоа”.

-Иако меѓу нив постојат суштински разлики, антиевропските партии би можеле тактички да се здружат едни со други за да обезбедат поддршка на целиот спектар на идеи: од укинување на санкции кон Русија до блокирање на ЕУ агендата во надворешната трговија, до ставање точка на миграцијата, стои во анализата.

Се наведува дека Европскиот парламент е „најмалку влијателен” меѓу раководните тела на Европската унија, но дека „за жал на измачените интернационалистички Европејците, изборите за него, навистина им се важни”.

– Гласањето би можело да доведе до тоа група на националистички антиевропски политички партии, кои се залагаат за враќање на „Европа на нациите” да го освои контролниот пакет на места во ЕП. Долгорочно гледано, нивната способност да го парализираат процесот на донесување одлуки во центарот, би го намалила тврдењето на оние кои се проевропски ориентирани дека проектот (европска интеграција) не е совршен, но дека е способен за се реформира, се вели во анализата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...