Амфитеатар на врвот на Водно, ќе „грмат“ концерти

2328

Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно наскоро ќе прерасне во спортско рекреативен, но и културен центар кој ќе можат да го користат граѓаните на Скопје и бројните туристи кои го посетуваат градот.

Минатата година почна да се средува платото под домот каде се изградени нови дрвени клупи, маси, видиковец со настрешница, како и лулашка за деца кои се донирани од „Пакомак“, „Прокредит Банка“ и Парк шума Водно.

– Со членови на ПСК „Бистра“ и „Лајонс“ клубови реализиравме еколошки акции за подготовка на платото за изведба на бина и амфитеатрални седишта, а ДСЦ Дизајн изработи бесплатно идеен проект. Лани и Град Скопје вети дека ќе помогне со средства за овој проект, начелна подршка има и од други компании со општествена одговорност – вели проект менаџерот Зоран Трајковски.

На 13. април на врвот на Водно ќе има концерт Тумбао Салса Бенд на Петар Ренџов, кога ќе биде промовиран неговиот проект „Џезалка“, а ќе се одбележат и 22 години од Лајонс клубот „Скопје“ и 60 години од формирањето на Планинарскиот спортски клуб „Бистра“.

Се очекува обновата на Домот и надворешноста да завршат за околу два месеца, по што граѓаните ќе може да уживаат во поетски настапи, музички активности, театарски претстави, едукации и работилници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...