Амфилохије: Власта ќе преговара со мене, а не со Патријаршијата

742
FOTO Printskrin (MIA)

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије изјави дека евентуалните преговори за темелен договор, кој се однесува на црковниот имот во Црна Гора, властите ќе ги водат со него, а не со белградската Патријаршија.

Тој наведе дека Митрополијата која тој ја предводи е „автономна и самостојна низ вековите“.

Амфилохије објасни дека Митрополијата бара темелен договор по примерот на оние кои Црна Гора ги потпиша со Католичката црква и Исламската заедница, додавајќи оти нема да се разговара за нов статус, бидејќи, според него, Митрополијата е веќе автономна.

– Кога преговараат со нас, тоа е исто како да преговараат со белградската Патријаршија, тука не постои никаква разлика – истакна владиката.

Амфилохије ја отфрли можноста за какви било преговори со црногорските власти доколку Законот за слобода на вероисповед не биде повлечен, нагласувајќи дека Законот е „нешто најлошо што и се случило на Црна Гора“.

Тој го обвини црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека како „безбожник и некрстен претседател создава своја автокефална црква“.

ФОТО: Printskrin (MIA)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...