Агенцијата за млади и спорт (АМС) вечерва во хотелот „Александар палас“ ги додели наградите за најуспешни спортисти во изминатата 2018 година.
Емил Павлов (карате) и Сара Ристовска (ракомет) се најдобрите спортисти на Македонија во машка и женска конкуренција. Наградата на европскиот шампион до 60 кг. му ја додели премиерот Зоран Заев.
Машката и женската ракометна селекција на Македонија се прогласени за најуспешни тимови од страна на Агенцијата.
Кирил Лазаров, капитенот на машката ракометна репрезентација, пак е прогласен за најдобар македонски спортист во странство.
– Ни претстојат многу предизвици во следната година, размислуваме позитивно, стоиме цврсто на земја и се надеваме дека ќе бидеме подобри во 2019-та во однос на претходната – изјави Лазаров.
Сите добитници на наградите за Спортисти на годината:
Спортист на годината: Емил Павлов (карате)
Спортистка на годината: Сара Ристовска (ракомет)
Спортист на годината кој настапува во странство: Кирил Лазаров (ракомет)
Најуспешна федерација: Карате федерација на Македонија
Најуспешен тренер: Сашко Арсовски (карате)
Најуспешна машка репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија
Најуспешна женска репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
Најдобар млад спортист: Фахик Весели (карате)
Најдобра млада спортистка: Анамарија Георгиевска (таеквондо)
Најуспешен клуб Универзитети: Мал фудбал УКИМ
Најуспешен клуб средни училишта: „8 Септември“ – Тетово
Најуспешен клуб основни училишта: „Теферич“ – Чаир.