Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопштија денеска АМСМ, притоа упатувајќи апел до сите возачи да не го користат автопатот.
Министерот за транспорт Горан Сугарески исто така апелиреаше да не се користи автопатот.
– Деновиве се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи на автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро – изјави Сугарески.