Законот за амнестија, кој се однесува на настаните о 27 април 2017 година, е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов.
Законот со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ синоќа беше изгласан во Собранието, а ќе стапи на сила денот кога ќе биде објавен во Службен весник.
Собраниските служби веднаш по изгласувањето, вчера во доцните попладневни часови го испратиле законот во претседателскиот кабинет, од каде се очекува утрово Иванов да стави потпис и да го врати во Собранието.
Оттаму веднаш потоа ќе го испратат да се објави во Службен весник. Потоа, обвинетите за настаните за 27 април ќе имаат рок од пет дена за да поднесат барање за амнестија.
„Барањето се поднесува во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од 5 пет дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител“, предвидува законот.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI