Богдан Илиевски Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски се тројцата кои што добија амнестија од Кривичниот суд. Тие бае организатори на протестите „За заедничка Македонија.
Илиевски, Дамовски и Јовановски беа обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението тие се товареа дека на протестите со потпалувачки говори го потпалувале народот.
Неодамна обвинителката Вилма Рускоска во телевизиско интервју рече дека нејзиниот личен став е дека водачите на протестите се меѓу организатороите и дека тие не треба да бидат амнестирани.
Тие се последните тројца за кои обвинителството има дадено позитивно мислење.