Богдан Илиевски Бетмен на неговиот профил на Фејсбук во текот на ноќта објави фотографија со останатите тројца водачи на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски и Игор Дурловски.
Сите беа обвинети во случајот „27 април“, побараа и добија аместија тројца од нив освен пејачот Дурловски кого денеска го очекува пресуда за овој случај.
Обвинет е за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, дело за кое минималната затворска казна е 10 години затвор.
„Браќа до крај. Браќа за цел живот“, напиша Бетмен на фотографијата.