Американски туристи не ја препознале кралицата и ја прашале дали некогаш ја сретнала Елизабета Втора

Групата туристи го започнала разговорот со 93-годишната кралица кога ја виделе како шета со својот телохранител Ричард Грифин кај нејзината куќа за одмор во Шкотска.

807
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Кралицата Елизабета Втора направила урнебесна шега кога американските туристи не ја препознале откако ја сретнале додека шетала околу нејзиниот имот.

Групата туристи го започнала разговорот со 93-годишната кралица кога ја виделе како шета со својот телохранител Ричард Грифин кај нејзината куќа за одмор во Шкотска.

Туристите не сфатиле со кого разговараат затоа што прашале дали жената живее некаде во близина. Кога кралицата одговорила позитивно тогаш ја прашале дали некогаш ја сретнала кралицата?

Не сакајќи да го отвкрие својот идентитет, кралицата покажала кон Грифин и рекла: „Не, но овој полицаец ја сретнал“.

Групата туристи потоа го напуштила имотот без да знаат со кого разговарале.

Кралицата инаку била облечена во неформална облека со марама на главата.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...