Рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на Светското првенство во фудбал ја игра својата игра на државник, примајќи ги претседателите и другите високи функционери, наведува CNN.
Покрај ова, за СП продадени се повеќе од 2.5 милиони карти, што Русија ја претстави како туристичка дестинација, а нивната репрезентација играше над сите очекувања и покрај фактот дека е најслабо рангирана, наведува CNN.
Светското првенство во фудбал исто така го издигна Путин на геополитичките скалила, а дури и високиот функционер, кои претседателот на САД Доналд Трамп го испрати во Москва, му честита на добрата организација на СП, прашувајќи го како сето тоа му успеа.
Сега Путин претседава со моментот на меѓународната русофилија, барем според настапите, првенството во Русија засега не е извалкано со насилство на навивачите, ниту имаше некои терористички закани, фотографии со весели навивачи од улиците на руските градови праќаат позитивна слика за таа земја, наведува CNN, додавајќи дека на геополитичкиот фронт круната на крајот на првенството ќе ја стави Путин со средбата со Трамп на 16 јули во Хелсинки.
Завршницата на Светското првенство на 15 јули ќе му даде можност на Путин да одигра уште една улога на домаќин, наведува CNN, додавајќи дека Путин на финалето го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас.