Американски ветеран умирал во најголеми маки, оти медицинската сестра го зела морфиумот за себе

Наводно, Кетлин Нофтл земала морфиум и од други пациенти. Таа потоа го мешала остатокот од ублажувачот на болка со вода, па им го давала на пациенти.

733

Американски воен ветеран умирал во агонија откако медицинска сестра го украла морфиумот наменет за него и го зела за себе, пренесува „Метро“.

Наводно, Кетлин Нофтл земала морфиум и од други пациенти. Таа потоа го мешала остатокот од ублажувачот на болка со вода, па им го давала на пациенти.

– Истрагата покажа дека поради нејзините постапки, еден ветеран имал тешкотии со дишењето и му се зголемило страдањето во неговите последни денови – рече извор од американската адвокатска канцеларија.

Нофтл е приведена во средата. Нејзините колеги го откриле случајот, откако забележале дека бојата на морфиумот е необично сина.

На Нофтл ѝ се закануваат дури 14 години в затвор.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...