Американскиот пливач Рајан Лохти доби суспензија од 14 месеци

212

Американскиот пливач Рајан Лохти доби 14-месечна суспензија од Американската антидопинг агенција.

Шесткратниот олимписки првак самиот на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како прима инфузија, поради што била покрената истрага.

Со новите антидопинг правила, интравенозната инфузија не им е дозволена на спортистите, освен ако станува збор за лечење препишано од доктор. Иако 33-годишниот пливач не користел забранета супстанца, самата интравенозна витаминска терапија која била извршена во приватна клиника му донесе казна.

Претходно, Лохти во 2016 година доби 10-месечна суспензија, бидејќи лажеше дека на Олимписките игри во Рио му се заканувале со пиштол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...