Американска сенаторка рече дека извештајот на Малер содржи барем десет докази против Трамп

173
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Сенаторката од сојузната држава Калифорнија, Камала Харис, изјави дека извештајот на поранешниот специјален обвинител Роберт Малер содржи барем десет докази дека претседателот на САД, Доналд Трамп вршел опструкција на правдата.

Харис ова го истакна за време на синоќешната телевизиска дебата, втора по ред, на претендентите за кандидат за претседател на изборите во САД следната година. Дебатата се емитуваше на Си-Ен-Ен.

Таа тврди дека Трамп треба да понесе одговорност за попречување на правдата и укажа дека во текот на својата пракса, прво како областен обвинител на Сан Франциско, а потоа и како јавен обвинител на Калифорнија, видела како луѓе биле ставани зад решетки за многу полесни престапи и нарушувања на законите.

Сенаторката доби поддршка од Џулијан Кастро, поранешен министер за станбено и градско уредување, кој укажа дека доказите за престапите на Трамп се „едноставни и очевидни“, и изрази надеж дека против претседателот ќе бидат покренати обвиненија.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...