Американска актерка ѕверски ја избола со нож својата мајка ФОТО

Актерката, која страдала од психички проблеми, а која глумеше во хитот „Капетан Америка“ ја избола мајка си на 20 декември во Канзас Сити.

2923

Американската актерка Моли Фицџералд (38) е уапсена синоќа откако полицијата открила дека ја убила својата мајка.

Актерката, која страдала од психички проблеми, а која глумеше во хитот „Капетан Америка“ ја избола мајка си на 20 декември во Канзас Сити. Моли ја избола мајка си со нож.

Таа е обвинета за убиство од втор степен и е задржана во притвор. На суд првпат ќе се појави денеска.

Нејзината мајка ќе биде погребана утре, а сите ја опишуваат како „мила личност која била подготвена да помогне секому„.

„Обожаваше спорт, беше тениски фанатик, но и страсен навивач на НБА-клубот Хјустон рокетс“, рекла пријателите на мајката на актерката.

Не е познато кој е мотивот на Моли за да го стори грозниот чин.

Моли Фицџералд била актерка, директорка и продуцентка.

ФОТО: Johnson County Sheriff’s Office/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...