Американската морнарица планира да ги исфрли од употреба екраните на допир на своите разурнувачи и да ги замени со конвенционални механички контроли до 2020 година.
Иако американската војска отсекогаш прифаќала нови технологии, овојпат, наместо дисплејот, на командните табли ќе се вратат рачките, копчињата и лостовите, пренесува Б92.
Морнарицата ја донесе таа одлука по завршувањето на истрагата за судирот на бродот УСС Џон. С. Мекејн во 2017 година, во кој загинаа 10 морнари. Истрагата утврди дека несреќата е поради комплицираниот управувачки интерфејс на командниот екран чувствителен на допир и лошата обука на морнари, што доведе до судир со друг брод.