Американка му ги пресекла гениталиите на синот со клешта

1186
ФОТО: Метро

Мајка ги осакатила гениталиите на својот тригодишен син со клешта и го изгладнала толку многу, што задникот му бил само рамни набори на кожата, пренесува „Метро“.

Дваесет и деветгодишната Британи Никол Липинкот вчера го признала злосторството во суд, пет месеци откако бил пронајден нејзиниот син во куќата полна со дрога.

Липинкот, која е од Западна Вирџинија, го држела синот во заклучена соба. Според зборовите на полицајците кои го нашле, тој бил облечен само во долен веш, со модринки на лицето и повреди на гениталиите и усните.

Кога го прашале детето што е причината за повредите, одговорот бил:

– Мама го направи тоа со клешта.

Потоа детето опишало како било малтретирано, кажувајќи дека требало да „седи на маса и да ги гледа нив како јадат, не ми беше ред на мене“.

По недела помината во болница, неговите повреди се излечени, па сега момчето ќе биде подалеку од својата мајка.

Според „Тајмс Вест Вирџиниан“, злосторството на Липинкот е откриено откако бил проверуван нејзиниот дом поради тоа што продавала дрога.

По апсењето, Липинкот се обидела да ја објасни состојбата на синот со недијагностицирана медицинска состојба, па му кажала на полицајците дека „нему му треба помош, мора да оди на доктор“.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...