Американец лижел сладолед па го вратил во фрижидер во продавница, заврши во затвор ВИДЕО

На видеото се гледа како тој вади кутија сладолед од фрижидер, го лиже и го враќа назад.

1493

Американец од Тексас кој го снимаа како лиже сладолед и го враќа назад во фрижидер од продавница на „Валмарт“ доби затворска казна од 30 дена.

Снимката на Д’Адриен Андерсон беше објавена на социјалните мрежи, а потоа се најде и во американските медиуми. На видеото се гледа како тој вади кутија сладолед од фрижидер, го лиже и го враќа назад.

Покрај тоа што доби 30 дена затворска казна, тој исто така доби и шест месечна условна казна, 100 часа неплатена работа и 1000 долари парична казна. Ќе мора да ѝ плати и 1,565 долари на компанијата која го произведува сладоледот.

Андерсон и неговиот татко подоцна се вратиле во продавницата на вработените да им ја покажат сметката дека го купиле сладоледот, но и покрај тоа компанијата која ги прави сладоледите ги повлекла сите сладоледи од продавницата.

Тоа чинело 1.565 долари. Андерсон признал што направил.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...