Трајко е мој пријател, бевме толку време тука во Собрание. Жал ми е што морам да ве напуштам ама ја од увек сум кажал кој е на власт јас сум со вас, рече пратеникот Амди Бајрам реплицирајќи му на пратеникот Трајко Вељановски.
Вељановски претходно го праша премиерот Зоран Заев зошто на Амди Бајрам не му дал министерска позиција оти и онака не го испочитувал ветувањето дека Владата ќе брои 20 министри, а сега дели ресори за новите владини партнери.
– Во политиката нема замерки и лутење. Па маж и жена се разведуваат, тој си наоѓа друга жена…не пак владини партнери. Никола Груевски се тргна и јас се тргнав, ВМРО-ДПМНЕ не е веќе мое седиште – рече Бајрам и додаде дека не му барал на Заев министерско место.